Проверете зашто Малта годишно ја посетуваат повеќе од милион туристи (ВИДЕО)

Вербалисти на Малта

Jezicki programi Verbalista na Malti

Во последните неколку години Малта стана топ дестинација за учење англиски јазик. Секое лето околу 100.000 млади од цела Европа тука го усовршуваат англискиот јазик. Во оваа некогашна англиска колонија и понатаму се вози од левата страна, а откако таа во 2004 година стана дел од Европската унија, нивниот обрзовен систем редовно добива највисоки ценки од Европскиот совет.

Под топлото медитеранско сонце опкружени со синилото од брановите, после претпладнето поминато во усовршување на јазикот, заедно со друштвото од колеџот ќе уживате во морските задоволства и интересната туристичка програма. Ви препорачуваме активно да учествувате во тие активности и редовно да одите во разгледување на знаменитости кои ги има во изобилство на Малта, на заедничките пикници на плажа, сафари џипови, крстарења, одење во винарии, ресторани и клубови, дури и на организираниот излет до Сицилија.

За време на тие излегувања и екскурзии ќе продолжите да се дружите со колегите и предавачите од училиштата, и во пријатно опкружување, дури и без да обрнете внимание ќе го унапредите знаењето на англискиот, во реалните и животните ситуации. Некои активности се бесплатни, како што е вечерата за добредојде во традиционалниот малтешки ресторан првиот понеделник по пристигнувањето, додека другите ги доплаќате по избор на лице место.

Вербалисти нудат јазични програми на Малта за млади, возрасни, деловни луѓе и семејства. Кликнете на насловот и изберете јазично патување по ваша мерка:

_

Малта е островска земја, која привлекува голем број на посетители во претходните векови. Се наоѓа во Средоземното море, и завзема важна географска положба на пат кон средниот дел во Сицилија. Вкупната површина на оваа преубава Република е 320 km2, а нејзиниот главен град е Валета. Малта ја сочинуваат островите: Гозо, Малта, Комоното, Филфла, Комино и Свети Павел.

Turisticke ture i krstarenja na MaltiВо оваа поранешна англиска колонија и понатаму се вози од левата страна, а откако во 2004 Малта стана дел од Европската унија, нивниот образовен систем редовно добива највисоки оценки од Европскиот совет.

Се претпоставува дека првите жители на малтешките острови биле Сиканци, кои оваа територија ја населиле околу 5200 година пред нова ера. Земајќи го во предвид тоа дека тие дошле на територијата на Малта од Сицилија, кога биле ископани археолошките ископувања, откриени се мистични мегалитни храмови и керамички предмети, кои се слични со оние кои се пронајдени во Агриџент. Тие мегалитни храмови претставуваат една од најстарите структури направени од камен на Земјата.

Сиканците изградиле и некои од најстарите верски градби на светот: храмовите Џганти на Гоцу и храмовите Хаџар- Ким и Мнајдра. Се претпоставува дека ова племе и неговата кулутура биле избришани од некоја болест или глад. После нив територијата на Малта ја населувале и ја освојувале: Феничани, Римјани, Арапи, Нормани, Шпанци, Французи и Британци. Многу големо, ако не и најголемо влијание на историјата на Малта имале витезите од редот на Св. Јован Крстител, кои управувале со неа повеќе од 2500 години.

Melieca (Melieha) plaza na Malti
Мелиеча е една од најдобрите плажи на целиот Медитеран

Во 1964 година Малта стана независна држава. Од 2004 година таа е членка на Европската унија. Службени јазици се: малтешки и англиски. Малтешкиот е национален јазик на државата и мајчиниот јазик на Малтежаните.

Малта претежно е планински остров, каде не се наоѓаат површински водни текови. Климата е средоземна, а просечната годишна температура изнесува 19 C.

Островот Малта е најголем од трите главни острови кои го сочинуваат малтешкиот архипелаг. Се простира на површина од 245 km2. Гозо е вториот остров по големина, за кој се верува дека го контролирала нимфата Калипса, која Одисеја ја држела затворена кај себе седум години. Комино е островот кој се наоѓа помеѓу двата најголеми острови на Малта, кој е синоним за мир, тишина и изолација. На овој остров живеат само четири постојани жители.

Glavni grad Malte, VallettaВалета е главниот град на Малта, кој се наоѓа на истоимениот остров, и завзема површина од 0,8 km2. Ова не е најголемиот град во Малта, тоа е Биркиркара (2,7 km2.), кој е историско, културно и управно средиште на островот. Валета е приморски град, стратешки поставен во поголемото малтешко природно пристаниште. Градот е опкружен со ѕидини, а во потполност е сочуван духот на старите времиња, заради што се наоѓа на списокот на UNESCO за Светски градини. Највредните згради во Валета се: Ко-катедралата Свети Јован, палатата Кастиља, палатата Големиот мајстор, Националниот музеј на фини уметности.

ostrvo gozoНа Малта се наоѓаат  ,, најстарите самостојни градби во светот”, а тоа се мегалитските малтешки храмови, од кои седум се запишани на списокот на UNESCO за светски градини во Европа. Оваа збирка од праисториски мегалитски споменици е резултат на локалните иновацији во процес на културната еволуција. Малта е една прекрасна островска земја, која ја посетуваат повеќе од милион туристи секоја година. Островот Малта, неговиот брег, и морето кое го заплискува, е приказ за синилото на Медитеранот. Малтешките плажи се совршено место за сончање, бањање, пливање или нуркање. Постојат бројни сриени плажи, идеално место за оние кои претпочитаат да бидат сами. Најголемата песочна плажа на Малта е Мелича за која се верува дека е една од најдобрите плажи на целиот Медитеран.

Кујната во Малта е типично медитеранска, па така ќе уживате во свежите локални сезонски производи и вкусно припремените морски плодови. Осбено се чувствува влијанието на италијанската кујна, а во најново време од британската и француската кујна.

Малтежаните се љубезен и дружељубив народ, кои вашиот одмор со сигурност ќе го направат многу поубав со нивното гостопримство.

 

Имате прашање? Сакате повеќе информации? Испратете го вашиот коментар/прашање со пополнување на формуларот подолу:

← Back

Your message has been sent

Warning
Warning
Warning
Warning

Warning.

Freestyle програма на Малта во водечко училиште по англиски јазик (ВИДЕО)

Freestyle program na Malti, vannnastavne aktivnosti
Freestyle програмата на Малта, активности надвор од наставата

Програмата Freestyle е создадена со цел на младите на возраст од 18 до 20 години да им даде квалитетна настава и одлична забава со врсници од целиот свет. Иако активностите кои се надвор од наставата и екскурзиите се внимателно планирани и организирани, студентите имаат доволно слободно време сами да ја истражуваат Малта и да уживаат во магијата на медитеранскиот брег.

Училиштето EC е основано во 1991 година, а се наоѓа во срцето на Сент Џулијанс, најпопуларното туристичко место на Малта. Денес- дваесет и една година подоцна, тоа е реноминирана образовна институција со 15 јазични центри во 5 држави на три континенти. Само во претходната година училиштето ЕС го посетиле повеќе од 25.000 студенти од 140 земји. Исто така, ЕС е еден од ретките колеџи на Малта кој има акредитација ISO 9001 за квалитет, а претходната година се здоби со уште едно вредно признание-меѓународна награда Star Chain School 2011 која ја доделува престижниот Language Travel Magazine.

Погледнете ги цените и деталите за програмата Freestyle овде.

_

Учење на англиски јазик онлајн

Учење на англиски со забава или забава со учење на англики јазик…. сеедно е, важно е да е многу забавно и да се употребува повеќе англискиот јазик. Затоа веднаш почнуваме со English Attack!

Учење на англиски јазик онлајн
Запишете се на било кој друг курс по англиски јазик во странските колеџи на Вербалисти – и ние ќе ви овозможиме веднаш бесплатно да го користите English Attack!

Од денес на твојата јазична мрежа Verbalisti ќе имаш можност да зборуваш англиски со употреба на најновите филмски и музички хитови на порталот English Attack!. Не ги заборавивме ниту гејмерите, ниту пак младите професионалци бидејќи тука има и вести, збиднувања од берзата и бизнисот. Секој ден по нешто ново, бидејќи ние Verbalisti, претпочитаме да сме напредни и да ги следиме новите случувања! А најважното е дека секој може да го проба English Attack! бесплатно, и доколку ти се допадне, можеш за само 10 евра, за месец дена да го вежбаш англискиот колку што сакаш, сам/а, со пријателите или пак со професорот.

Откако створивме можнист да го усовршите знаењето на англискиот јазик во најдобрите светски колеџи, сега ви ја носиме и најнапредната Интернет платформа на светот во соработка со компанијата Entertainment Learning (официјалната објава за медиумите погледнете ја овде). Ова важно партнерство ќе го прославиме како што доликува- сите поранешни, сегашни и идни студенти кои претходно запишале или ќе запишат некоја од јазичните програми од понудите на Verbalisti добиваат ваучер/код БЕСПЛАТНО  да го испробаат вистинскиот напад на англискии тоа за  ДВА МЕСЕЦИ.

Kursevi engleskog online, Verbalisti, Video Booster - Survival Test
Kursevi engleskog online, Verbalisti, Video Booster – Survival Test

Запишете се на било кој друг курс по англиски јазик во странските колеџи на Verbalistiи ние ќе ви овозможиме веднаш бесплатно да го користите English Attack!. Два месеца е доволно време за да се припремите за своите јазични патувања додека гледате филмови, слушате музика или играте игри. Ќе дојде време и да проверите колку сте напреднале со англискиот кога ќе се вратите од Лондон или Малта, или пак од Америка.

Ги повикуваме сите студенти од претходните години кои посетувале било каков курс на странски јазик со Verbalisti да се јават на 011/26-237-26 или info@verbalisti.org и да го превземат кодот кој ќе им овозможи бесплатен двомесечен пристап на порталот на English Attack!

_

Програми за наставници и професори по странски јазици (Teacher Training)

ПРОГРАМИ ЗА НАСТАВНИЦИ И ПРОФЕСОРИ ПО СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ (Teacher Training), St. Giles
Кандидатите кои ќе се запишат на Вербалисти/Сент Џајлс Teacher Training program до 30 Август 2013, добиваат попуст од дури 80.00 фунти

Во соработка со престижниот британски колеџ Сент Џајлс, Продирект и јазичната мрежа Вербалисти подготвија една единствена програма која е претставена во рамките на посебна промоција на јазичните програми за обука за месец Јуни.

Вербалисти Teacher Training

Кандидатите кои ќе се запишат на  до 30 Aвгуст 2013, добиваат попуст од дури 80.00 фунти. Секоја година во Сент Џајлс колеџот во Англија и Америка околу 450 професори ја завршуваат некоја од програмите наменети за предавачи по англиски јазик како странски јазик.

Искуството на компанијата Продирект во полето на обука на професионалци и менаџери во Југоисточна Европа, преку 4.000 задоволни клиенти на јазичната мрежа Вербалисти во комбинација со оствареното партнерство со Британскиот совет, издавачката куќа Pearson Longman и многу други угледни светски организации се гаранција за вашето успешно усовршување како предавач по странски јазик.

Вербалисти Teacher Training

← Back

Your message has been sent

Warning
Warning
Warning
Warning

Warning.

Комуникациската мрежа Вербалисти ја објави телевизиската програма

Србија, Белград-28 мај 2012- Прилозите и интервјуата на регионалната комуникациска мрежа Вербалисти, која се наоѓа во сопствеништво на групата Prodirekt, од неодамна можеме да ги пратиме и на регионалните и локални телевизиски станици.

Вербалисти го одбележаа месецот мај на најдобар можен начин. Првата телевизиска емисија на оваа мрежа премиерно беше емитувана на 14 мај на дванаесет телевизиски станици во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Авторските прилози на Вербалисти за светските комуникациски трендови и интервјуа со познати личности од регионот и светот, се прегледани сто илјади пати на друштвените мрежи, а стигнаа и на ТВ екраните со емисијата Speak Your Mind! (Кажи што мислиш!).

Verbalisti TV Program Speak Your Mind!

Најбројната комуникациска мрежа во регионот на југоисточна Европа во 2010 година ги освои друштвените мрежи со новиот пристап во јазичната едукација на тој начин што учењето преку забава и новите медиуми добиваат значајна улога. Деловната Facebook страна на Вербалисти за две неполни години собра дури 16.000 заљубеници во јазиците, комуникацијата и јазичните патувања. Во декември 2011 година Вербалисти зачекореа во радискиот етер кога нивната музичка хит листа започна да се емитува во емисијата Automedia на 32 радио станици на Балканот.

Регионалната мрежа Вербалисти со ТВ емисијата ,, Speak Your Mind!” продолжува успешно да ја спроведува својата стратегија во образованието, особено кога младите се во прашање, а со која се подразбира создавање и употреба на занимливи и актуелни содржини за да се оствари учењето преку забава.

Курсеви за странски јазици во странство, Емисија Актуелно

Курсеви за странски јазици во странство
Разговор со Јасмина Сариќ, ко-основач на социјалната јазична мрежа Вербалисти и директор на едукативните програми во компанијата Prodirekt Consulting Group
Емисија: Актуелно
Водител: Сања Величковиќ

Македонски превод:

По минатонеделната објава за слободното практикантско место во Продирект, компанија која се занимава со едукација, наидовме на голема заинтересираност од ваша страна за можностите на учење и усовршување јазик во странство. Нашиот денешен гостин е Јасмина Сариќ, директор на едукативните програми во Продирект и ко-основач на социјалната мрежа Вербалисти, која ќе ви одговори на прашањата на таа тема.

aktuelno featuring prodirekt internship opportunity with language network verbalisti

Сања: Јасмина, вашата компанија Продирект се согласи да понуди едномесечна практикантска можност на сите наши слушатели, заинтересирани за здобивање на вредно искуство во полето на едукацијата. Како и да е, само што ми кажавте дека и покрај тоа што сте задоволни од бројот на примени апликации и биографии, вие исто така пријатно сте изненадени од големата заинтересираност за учење јазик во странство, која ја покажаа нашите слушатели. Зошто мислите дека е ова вака, дали можеби е поради интересниот концепт на социјалната мрежа Вербалисти?

Јасмина: Не постои сомеж дека Вербалисти е интересен концепт сам по себе и ние сме пријатно изненадени и задоволни поради големиот интерес на студентите кои изучуваат јазици и лигвисти; како и да е кога станува збор за овој интерес за учење во странство, мора да се нагласи дека ова е делумно и поради фактот што повеќе не се потребни визи за да се патува или делумно поради фактот што луѓето, не само во Србија, туку и пошироко во регионов, го сметаат времето во кое се наоѓаме, како идеално за едукација и усовршување. Секако овде би сакала да споменам дека општопознат услов за повеќето аплицирања за работни позиции е потребно знаење на барем еден странски јазик.  

Сања: Ние добивме многу прашања од нашите слушатели. Да започнеме со прашањето на Дубравка Марковиќ од Белград, која би сакала да дознае, зошто му е потребно на ученик / студент да се консултира со јазичен експерт, пред да одбере јазичен курс?

Јасмина: Од многу едноставна причина – со консултирање со експерт може да се заштеди многу време и пари. Што е тоа што можеме ние да го направиме за да му помогнеме на секој ученик / студент, да го избере вистинскиот курс кој најмногу му одговара? Првиот чекор е дефинирање на причината за изучување на странски јазик: постои голема разлика во тоа дали учите англиски, на пример, за да би можеле да разговарате преку интернет, или дали учите германски со цел да се запишете на австриски колеџ; или можеби шпанскиот јазик ви е потребен за да добиете унапредување во подружницата на вашата компанија во Шпанија. Ова е важно, бидејќи се работи за специфично ниво на знаење кое води кон остварување на вашата цел, но исто така и специфичен вид на курс. Откако ќе ја дознаеме целта, потребно е да се одреди почетната точка и затоа е потребно нашите клиенти да направат дијагностички тест, со кој ќе се утврди нивното сегашно ниво на познавање на одреден јазик. Откако ќе ги дознаеме овие две важни информации, дури тогаш можеме да дадеме препорака за одреден курс кој би бил соодветен.

Сања: Нашите слушатели најверојатно би сакале да дознаат колку чинат овие консултации и дијагностички тестови?

Јасмина: Во Продирект и јазичната мрежа Вербалисти, консултациите и тестовите се бесплатни и се дел од нашите услуги. Како и да е, препорачливо е да се закаже термин претходно на телефон +389.2 320.9125 или со испраќање на е-пошта на info@prodirekt.net.

Сања: Предраг од Панчево би сакал да дознае дали неговиот шеснаесетгодишен син, кој веќе изучува англиски јазик повеќе години, на училиште и со приватни часови, му е потребно да посетува курсеви во Англија? Мислам дека ова е интересно прашање за сите ученици и студенти.

Јасмина: Странскиот јазик не се изучува само во училница. Напротив, училницата претставува вештачка средина или да се изразам поинаку, симулација на реални ситуации. Без разлика дали странскиот јазик се изучува во државните и во приватните училишта и без разлика на квалитетот на наставата или на наставникот/професорот, кога изучувате странски јазик во вашата земја, вие неизбежно сте опкружени со луѓе кои го зборуваат вашиот мајчин јазик. Па така пресудно е комуникацијата да се префрли на тој мајчин јазик, порано или подоцна. Во Англија, или во било која друга држава, каде што патувате за да го научите тамошниот јазик, часовите се изведуваат со многу учесници од други земји, значи се интернационални; и сакале вие или не, мора да го говорите странскиот јазик во реални ситуации, како на пример кога би сакале да нарачате храна, да купите билет за воз или да поканите некого на пијалок.

Сања: Која е старосната граница за посетување на јазична програма (курс) во странство?

Јасмина: Ако зборуваме за програмите наменети за тинејџери, старосната граница е од 12 до 18 години.

Сања: Кога веќе разговараме за оваа возрасна група, се наметнува прашањето, дали постои водич на групата која патува? Туристички водич?

Јасмина: Сите наши групи се придружувани од водич. Личноста која ги придружува групите не е туристички водич, бидејќи тоа не се туристички тури, туку едукативни програми. Нашите групни водичи се искусни предавачи на странски јазици, и во тимот на Вербалистите има најмалку 10 такви наставници кои имаат учествувано во програмите со години. Тие се во секое време со учениците, од првата пасошка контрола на аеродромот, до пристигнувањето на саканата дестинација, вклучувајќи ги аеродромските трансфери, низ целокупниот нивен престој во странскиот колеџ и се до нивното враќање дома.

Јасмина Сариќ
Јасмина Сариќ

Сања: Еве едно анонимно, но навистина интересно прашање: Сакам мојата ќерка да студира на Оксфорд, а не да шета, да посетува знаменитости и да оди на шопинг. Дали е задолжително учеството на учениците во тие програми за социјални активности?

Јасмина: Не само што ова прашање е интересно, туку и доста често. Социјалните активности, како што е спортот во слободното време, разгледувањето на знаменитости или креативни работилници, не претставуваат само забава. Нивната цел е повеќекратна, но најважната е континуирана комуникација и социјализација во интернационална средина, но овој пат во реални ситуации. Таквите активности делуваат навистина стимулирачки и не само што помагаат во учењето на странскиот јазик, туку исто така се запознаваат со различни култури и обичаи. И на крај, како исто така важно нешто е што тие им помагаат на групните водичи да ги имаат сите ученици на исто место.

Сања: Дали студентите добиваат некаков сертификат откако ќе го завршат курсот?

Јасмина: Сите ученици добиваат сертификат кој го покажува нивото на познавање на јазикот, времетраењето и видот на посетуваниот курс. Овде би сакала да нагласам дека сите колеџи со кои соработуваме се акредитирани од страна на нивните министерства за образование и од Британски совет.

Сања: Дали сите ваши програми се наменети за тинејџери и млади луѓе?

Јасмина: Луѓето изучуваат странски јазици од повеќе причини; во денешно време прашањето за зборување на јазици и можноста да се комуницира успешно, е всушност прашање за професионален опстанок. Ние Вербалисти имаме 24 програми наменети за сите возрасти и нивоа на познавање на странски јазик. Голем процент од нашите клиенти се возрасни – студенти, млади професионалци, бизнис луѓе. Ние нудиме и поседен вид услуга за јазично консултирање на корпорации.

Првиот Македонски Поп Идол Иван Раденов – јазичното искуство во Кингс колеџ

Иван Раденов во посета на Вербалисти во Скопје
Иван Раденов во посета на Вербалисти во Скопје

ПРОДИРЕКТ, компанијата која ја поседува најбрзо растечката комуникациска и јазична мрежа ВЕРБАЛИСТИ, го награди Иван Раденов, првиот Македонски Поп Идол, со двонеделен јазичен курс во КИНГС КОЛЕЏ (KINGS COLLEGES).

Иван го усовршуваше своето знаење на англиски јазик во Кингс колеџ, еден од најстарите и најпрестижни јазични институции во Англија, со традиција од преку 54 години и центри во градовите Лондон, Оксфорд и Борнмут, дијамантот на англиската ривиера.

Нашите партнери Kings Colleges, се погрижија престојот на Иван во Лондон да биде запомнет на многу начини, па така првиот Македонски Идол свиреше во Band of Kings, посетуваше познати театарски перформанси и дури го запозна и Glenn Hughes, еден од членовите на неговиот омилен бенд Deep Purple. Претпоставуваме дека јазичното искуство на Иван во Кингс може најдобро да биде опишано со неговите зборови – Мојот сон се оствари!

Јазичното патување на Иван Раденов – ФОТО- ГАЛЕРИЈА

Учење на англиски јазик со употреба на социјални медиуми и преку забава

elta newsletter features prodirekt and language network verbalisti

Објавено во априлското издание на списанието ELTA (English Language Teachers’ Association)
Интервју со Јасмина Сариќ направено од Марија Ивановиќ, ELTA
Оригиналниот текст на англиски јазик може да го превземете на следниот линк- English language learning through social media and entertainment, by Marija Ivanovic

Во последните години социјалните медиуми станаа важен фактор во нашето секојдневно комуницирање, особено помеѓу младите, кои се дружат преку Facebook или Twitter со нивните лаптоп компјутери или мобилни телефони. Ги користиме социјалните мрежи за да го подновиме нашиот статус за (не)обичните случувања во нашиот живот, пишуваме на ѕидот на нашите пријатели или пак споделуваме линк на Twitter од било која област од животот што може да си ја замислиме. Огромната моќ на друштвените медиуми достигна незамисливи размери па така, ако некоја од новите информации не си го најде своето место на Tweeter, Facebook или LinkedIn, се третира како воопшто да не е објавена.

Па, зошто тогаш да не се искористи новиот тренд кој се појави како средство за онлајн комуникација со цел да се привлечат младите за да учат јазици на забавен, неофицијален, и опуштен начин? Компанијата Продирект  ја препозна моќта на друштвените медиуми како алатка за да привлече потенцијални ученици кои сакаат да го изучуваат англискиот јазик и ја создаде јазичната мрежа Вербалисти. Нашиот соработник и издавач Марија Ивановиќ, зборуваше со директорката на едукативните програми Јасмина Сариќ од Продирект. Јасмина зборуваше за идејата која е основа за нивното работење и за најновите трендови за изучување на англиски во Србија кога станува збор за социјалните медиуми и занимливостите.

teen grupa verbalista koja je uc48dila engleski u londonu

Кажете ни нешто повеќе за социјалната и јазична мрежа Вербалисти, од каде потекнува идејата и како Вербалисти продолжи да се развива?

Се се случи пред три години, после долго преговарање со нашите едукативни партнери- кои се големи Европски јазични училишта и наши колеги, за тоа како да се подигне стандардот за учење на јазици во нашиот регион. Сакавме да им понудиме на нашите ученици во регионот еден социјален медиум кој ќе ги мотивира во изучување на странските јазици. Последователно на тоа, го создадовме социјалниот медиум и јазичната мрежа Вербалисти. Мрежата Вербалисти набргу смени многу нешта на нашето поднебје. Изгледа најважниот резултат се огледува во фактот дека, јазичната мрежа Вербалисти прави разлика помеѓу праксата на изучувањето на јазици во Србија со претставувањето на иновативен и најсовремен пристап, како што е учење на јазици со помош на социјалните мрежи и преку забава. Социјалната мрежа се состои од неколку онлајн алатки за учење на јазици и видеоклипови на Youtube. Другата образовна содржина може да ја разгледате на објавените блогови на два јазици од страна на Вербалисти, stranijeziciblog.com (српски јазик) и на stranskijazici.com (македонски јазик). Претходната година во соработка со Person и Kings College во Лондон, Вербалисти го претставија јазичниот натпревар Вербализирај се!, а главната награда беше двонеделен јазичен курс во Kings Colleges во Лондон. Натпреварот имаше 432 натпреварувачи и повеќе од 34.000 посети на веб страната за само еден месец.

Според вас кои се особеностите на Вербалисти, поради кои сметате дека се разликуваат?

Вербалисти го претставија јазичниот натпревар Вербализирај се!, а главната награда беше двонеделен јазичен курс во Kings Colleges во Лондон
Вербалисти го претставија јазичниот натпревар Вербализирај се!, а главната награда беше двонеделен јазичен курс во Kings Colleges во Лондон

Можеби се разликуваме со тоа што им нудиме на студентите достапен и привлечен начин за добивање на сите потребни информации со цел што поефективно да го испланираат изучувањето на јазикот. Ние не се плашиме да им дадеме важност и ги препознаваме социјалните мрежи како важни, особено Facebook и YouТube, како едни од главните средства за разменување на искуства. Не се сомневаме во тоа. Јазиците се жив организам, кои се менуваат секојдневно со нивната употреба. Важна е размената на искуства и комуникацијата. Facebook е социјална мрежа која овозможува највисоко ниво на социјализација. Другото нешто кое е од голема важност, е да се создаде платформа каде студентите ќе можат да разменат фотографии, да разгледаат видео клипови или едноставно да започнат дискусија. Ние ги зачинивме нештата со интервјуа од славни личности, бидејќи нашето мото се состои во тоа да учиме на забавен начин, а тоа особено важи за младите. Резултатите се повеќе од очигледни за нашиот труд кој го употребуваме, имаме 12.000 јазични фанови на мрежата Вербалисти на Facebook.

Сега кога ги споменавте интервјуата со славните во вашиот медиум, кажете ни од колкава важност беше подршката која ја добивте од нив за популарноста на Вербалисти и од колкава корист се социјалните медиуми во училниците?

Јас сметам дека тоа е од голема важност. Уште од самите почетоци го ставивме  акцентот на тоа дека славните личности треба да зборуваат отворено за нивното образование, за јазичните способностикои ги поседуваат, и за нивните патувања. Сите тие го поддржуваат проектот кој го нарековме Speak Your Mind!”.  Секако, најважното од се е да им се укаже на младите за важноста на говорење на странски јазици во денешницата, доловувајќи го ова преку искуствата на нивните омилени глумци и пејачи. Професорите по англиски јазик може да ги користат клиповите како средство за мотивирање на учениците за изучување на јазикот. Доколку пак, професорите немаат интернет за време на часот, тие може да им препорачаат некој од линковите на учениците кои притоа во слободно време ќе истражуваат од дома користејќи ги Facebook или YouТube. Како проверка за направеното истражување професорот може по неколку дена да иницира дебата во училиницата. Ова може да биде дел од групна дискусија или пак дел од вежбите за пишување.

Verbalisti Speak Your Mind! Ние зборувавме за учениците и нивните вкусови, особено помладите и нивната склоност кон дигиталните медиуми и социјалните мрежи. Ова го објаснува брзиот развој на јазичната мрежа Вербалисти, но каква е ситуацијата кога станува збор за професорите на странски јазици? Колку професорите се обучени и подготвени за да ги прифатат предностите на дигиталните медиуми и најновите алатки кои се користат при предавање?

Ситуацијата овде не е многу сјајна, сепак мора да бидеме искрени за да сфатиме дека сиромашната употреба на дигитални медиуми во нашите училишта е само резултат на многуте фактори кои влијаат на неа, а истите се надвор од надлежноста на професорите. На пример, економската криза е виновна за недостатокот на средства па така, нема пари за да се овозможи пристап на интернет, компјутер за секој ученик, и за користење на нови помоќни алатки за предавање, како што се белите интерактивни табли. Имаме потреба од помош при финансирање на обуката за професори, образувајќи ги да ги вклучат новите медиуми и алатки на час, а потребен е систем за надоместување кој ќе ги мотивира професорите да се подобрат и да ги развиваат своите способности  со тек на време. Ова  е главната причина зошто нашите предавачи треба да ја прифатат секоја можност за додатни обуки, особено оние кои се организираат во странство и кои се поддржани од странски колеџи, Британскиот совет и други институции. Целосната вклученост на дигиталните медиуми  заедно со подобрувањето кое го овозможува ги натера западните земји да го преобликуваат начинот на предавање, и јас искрено се надевам дека ќе ги следиме во чекор.

Компанијата ПРОДИРЕКТ со својата јазична мрежа Вербалисти, пред некое време го потпиша договорот за регионално партнерство со организацијата од Париз наречена Entertainment Learning, заедно со креаторот на јазичниот сервис – English Attack!. Во наредното издание со Јасмина Сариќ ќе разговараме на тема присвојување на нови медиуми во предавањето, моќта на социјалните медиуми, и дигиталните занимливости кои може да бидат во употреба и да помогнат при изучување на јазици.

ELTA NewsletterОригиналниот текст на англиски јазик може да го превземете на следниот линк- English language learning through social media and entertainment, by Marija Ivanovic

_

*****

Марија Ивановиќ е соработник и издавач во MELT, образовен консултант и професор по англиски. Моментално, таа го организира проектот на тема емоционалната интелегенција помеѓу студентот и професорот наречен ‘Cool Fire’ во Данска со партнери од UK. Нејзините лични интереси ги опфаќаат рефлективната пракса, развој на професорите, училишното водство и емоционалната интелегенција. Таа има диплома по англиски јазик и литература од Факултетот за Филологија, при Универзитетот во Белград и магистратура на тема  Доживотно учење при Данското училиште за образование, Деусто Универзитетот и Универзитетот во Лондон.

За ELTA
ELTA е невладино, непрофитабилно здружение за професори по англиски јазик од Србија, кое е повразно со организациите како што се IATEFL (International Association of Teachers of English as a Foreign Language) и TESOL (Teachers of English to Speakers of Other Languages). Основана е во 2003 со спојување на двете, најголеми здруженија за професори ELTAB (English Language Teachers’ Association of Belgrade) и YELTA (Yugoslav English language Teachers’ Association). ELTA ги соединува професорите по англиски јазик од основните и средните училишта, професорите кои се дел од високото образование,  јазичните училишта, студентите по англиски јазик, јазичните професионалци и професионалци кои се заинтересирани да се стекнат со одлично знаење за предавање на англиски јазик.

За ПРОДИРЕКТ и јазичната мрежа Вербалисти (Verbalisti)
Компанијата ПРОДИРЕКТ (www.prodirektgroup.com) нуди стратегии за раководење и едукација на менаџери и обуки на поднебјето на Балканскиот регион. Иновативните решенија кои ги нуди ПРОДИРЕКТ за корпоративен менаџмент, маркетинг и меѓународна бизнис комуникација поставуваат мост помеѓу стратегиите и образованието, додека пак бизнис групата и социјалната мрежа Вербалисти, e посветена на изучување на јазици и професионални обуки, кои им помагаат на младите професионалци и на деловните луѓе да ги постигнат зацртаните цели во меѓународната комуникација.