Проверете зашто Малта годишно ја посетуваат повеќе од милион туристи (ВИДЕО)

Вербалисти на Малта

Jezicki programi Verbalista na Malti

Во последните неколку години Малта стана топ дестинација за учење англиски јазик. Секое лето околу 100.000 млади од цела Европа тука го усовршуваат англискиот јазик. Во оваа некогашна англиска колонија и понатаму се вози од левата страна, а откако таа во 2004 година стана дел од Европската унија, нивниот обрзовен систем редовно добива највисоки ценки од Европскиот совет.

Под топлото медитеранско сонце опкружени со синилото од брановите, после претпладнето поминато во усовршување на јазикот, заедно со друштвото од колеџот ќе уживате во морските задоволства и интересната туристичка програма. Ви препорачуваме активно да учествувате во тие активности и редовно да одите во разгледување на знаменитости кои ги има во изобилство на Малта, на заедничките пикници на плажа, сафари џипови, крстарења, одење во винарии, ресторани и клубови, дури и на организираниот излет до Сицилија.

За време на тие излегувања и екскурзии ќе продолжите да се дружите со колегите и предавачите од училиштата, и во пријатно опкружување, дури и без да обрнете внимание ќе го унапредите знаењето на англискиот, во реалните и животните ситуации. Некои активности се бесплатни, како што е вечерата за добредојде во традиционалниот малтешки ресторан првиот понеделник по пристигнувањето, додека другите ги доплаќате по избор на лице место.

Вербалисти нудат јазични програми на Малта за млади, возрасни, деловни луѓе и семејства. Кликнете на насловот и изберете јазично патување по ваша мерка:

_

Малта е островска земја, која привлекува голем број на посетители во претходните векови. Се наоѓа во Средоземното море, и завзема важна географска положба на пат кон средниот дел во Сицилија. Вкупната површина на оваа преубава Република е 320 km2, а нејзиниот главен град е Валета. Малта ја сочинуваат островите: Гозо, Малта, Комоното, Филфла, Комино и Свети Павел.

Turisticke ture i krstarenja na MaltiВо оваа поранешна англиска колонија и понатаму се вози од левата страна, а откако во 2004 Малта стана дел од Европската унија, нивниот образовен систем редовно добива највисоки оценки од Европскиот совет.

Се претпоставува дека првите жители на малтешките острови биле Сиканци, кои оваа територија ја населиле околу 5200 година пред нова ера. Земајќи го во предвид тоа дека тие дошле на територијата на Малта од Сицилија, кога биле ископани археолошките ископувања, откриени се мистични мегалитни храмови и керамички предмети, кои се слични со оние кои се пронајдени во Агриџент. Тие мегалитни храмови претставуваат една од најстарите структури направени од камен на Земјата.

Сиканците изградиле и некои од најстарите верски градби на светот: храмовите Џганти на Гоцу и храмовите Хаџар- Ким и Мнајдра. Се претпоставува дека ова племе и неговата кулутура биле избришани од некоја болест или глад. После нив територијата на Малта ја населувале и ја освојувале: Феничани, Римјани, Арапи, Нормани, Шпанци, Французи и Британци. Многу големо, ако не и најголемо влијание на историјата на Малта имале витезите од редот на Св. Јован Крстител, кои управувале со неа повеќе од 2500 години.

Melieca (Melieha) plaza na Malti
Мелиеча е една од најдобрите плажи на целиот Медитеран

Во 1964 година Малта стана независна држава. Од 2004 година таа е членка на Европската унија. Службени јазици се: малтешки и англиски. Малтешкиот е национален јазик на државата и мајчиниот јазик на Малтежаните.

Малта претежно е планински остров, каде не се наоѓаат површински водни текови. Климата е средоземна, а просечната годишна температура изнесува 19 C.

Островот Малта е најголем од трите главни острови кои го сочинуваат малтешкиот архипелаг. Се простира на површина од 245 km2. Гозо е вториот остров по големина, за кој се верува дека го контролирала нимфата Калипса, која Одисеја ја држела затворена кај себе седум години. Комино е островот кој се наоѓа помеѓу двата најголеми острови на Малта, кој е синоним за мир, тишина и изолација. На овој остров живеат само четири постојани жители.

Glavni grad Malte, VallettaВалета е главниот град на Малта, кој се наоѓа на истоимениот остров, и завзема површина од 0,8 km2. Ова не е најголемиот град во Малта, тоа е Биркиркара (2,7 km2.), кој е историско, културно и управно средиште на островот. Валета е приморски град, стратешки поставен во поголемото малтешко природно пристаниште. Градот е опкружен со ѕидини, а во потполност е сочуван духот на старите времиња, заради што се наоѓа на списокот на UNESCO за Светски градини. Највредните згради во Валета се: Ко-катедралата Свети Јован, палатата Кастиља, палатата Големиот мајстор, Националниот музеј на фини уметности.

ostrvo gozoНа Малта се наоѓаат  ,, најстарите самостојни градби во светот”, а тоа се мегалитските малтешки храмови, од кои седум се запишани на списокот на UNESCO за светски градини во Европа. Оваа збирка од праисториски мегалитски споменици е резултат на локалните иновацији во процес на културната еволуција. Малта е една прекрасна островска земја, која ја посетуваат повеќе од милион туристи секоја година. Островот Малта, неговиот брег, и морето кое го заплискува, е приказ за синилото на Медитеранот. Малтешките плажи се совршено место за сончање, бањање, пливање или нуркање. Постојат бројни сриени плажи, идеално место за оние кои претпочитаат да бидат сами. Најголемата песочна плажа на Малта е Мелича за која се верува дека е една од најдобрите плажи на целиот Медитеран.

Кујната во Малта е типично медитеранска, па така ќе уживате во свежите локални сезонски производи и вкусно припремените морски плодови. Осбено се чувствува влијанието на италијанската кујна, а во најново време од британската и француската кујна.

Малтежаните се љубезен и дружељубив народ, кои вашиот одмор со сигурност ќе го направат многу поубав со нивното гостопримство.

 

Имате прашање? Сакате повеќе информации? Испратете го вашиот коментар/прашање со пополнување на формуларот подолу:

Freestyle програма на Малта во водечко училиште по англиски јазик (ВИДЕО)

Freestyle program na Malti, vannnastavne aktivnosti
Freestyle програмата на Малта, активности надвор од наставата

Програмата Freestyle е создадена со цел на младите на возраст од 18 до 20 години да им даде квалитетна настава и одлична забава со врсници од целиот свет. Иако активностите кои се надвор од наставата и екскурзиите се внимателно планирани и организирани, студентите имаат доволно слободно време сами да ја истражуваат Малта и да уживаат во магијата на медитеранскиот брег.

Училиштето EC е основано во 1991 година, а се наоѓа во срцето на Сент Џулијанс, најпопуларното туристичко место на Малта. Денес- дваесет и една година подоцна, тоа е реноминирана образовна институција со 15 јазични центри во 5 држави на три континенти. Само во претходната година училиштето ЕС го посетиле повеќе од 25.000 студенти од 140 земји. Исто така, ЕС е еден од ретките колеџи на Малта кој има акредитација ISO 9001 за квалитет, а претходната година се здоби со уште едно вредно признание-меѓународна награда Star Chain School 2011 која ја доделува престижниот Language Travel Magazine.

Погледнете ги цените и деталите за програмата Freestyle овде.

_

Учење на англиски јазик онлајн

Учење на англиски со забава или забава со учење на англики јазик…. сеедно е, важно е да е многу забавно и да се употребува повеќе англискиот јазик. Затоа веднаш почнуваме со English Attack!

Учење на англиски јазик онлајн
Запишете се на било кој друг курс по англиски јазик во странските колеџи на Вербалисти – и ние ќе ви овозможиме веднаш бесплатно да го користите English Attack!

Од денес на твојата јазична мрежа Verbalisti ќе имаш можност да зборуваш англиски со употреба на најновите филмски и музички хитови на порталот English Attack!. Не ги заборавивме ниту гејмерите, ниту пак младите професионалци бидејќи тука има и вести, збиднувања од берзата и бизнисот. Секој ден по нешто ново, бидејќи ние Verbalisti, претпочитаме да сме напредни и да ги следиме новите случувања! А најважното е дека секој може да го проба English Attack! бесплатно, и доколку ти се допадне, можеш за само 10 евра, за месец дена да го вежбаш англискиот колку што сакаш, сам/а, со пријателите или пак со професорот.

Откако створивме можнист да го усовршите знаењето на англискиот јазик во најдобрите светски колеџи, сега ви ја носиме и најнапредната Интернет платформа на светот во соработка со компанијата Entertainment Learning (официјалната објава за медиумите погледнете ја овде). Ова важно партнерство ќе го прославиме како што доликува- сите поранешни, сегашни и идни студенти кои претходно запишале или ќе запишат некоја од јазичните програми од понудите на Verbalisti добиваат ваучер/код БЕСПЛАТНО  да го испробаат вистинскиот напад на англискии тоа за  ДВА МЕСЕЦИ.

Kursevi engleskog online, Verbalisti, Video Booster - Survival Test
Kursevi engleskog online, Verbalisti, Video Booster – Survival Test

Запишете се на било кој друг курс по англиски јазик во странските колеџи на Verbalistiи ние ќе ви овозможиме веднаш бесплатно да го користите English Attack!. Два месеца е доволно време за да се припремите за своите јазични патувања додека гледате филмови, слушате музика или играте игри. Ќе дојде време и да проверите колку сте напреднале со англискиот кога ќе се вратите од Лондон или Малта, или пак од Америка.

Ги повикуваме сите студенти од претходните години кои посетувале било каков курс на странски јазик со Verbalisti да се јават на 011/26-237-26 или info@verbalisti.org и да го превземат кодот кој ќе им овозможи бесплатен двомесечен пристап на порталот на English Attack!

_

Програми за наставници и професори по странски јазици (Teacher Training)

ПРОГРАМИ ЗА НАСТАВНИЦИ И ПРОФЕСОРИ ПО СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ (Teacher Training), St. Giles
Кандидатите кои ќе се запишат на Вербалисти/Сент Џајлс Teacher Training program до 30 Август 2013, добиваат попуст од дури 80.00 фунти

Во соработка со престижниот британски колеџ Сент Џајлс, Продирект и јазичната мрежа Вербалисти подготвија една единствена програма која е претставена во рамките на посебна промоција на јазичните програми за обука за месец Јуни.

Вербалисти Teacher Training

Кандидатите кои ќе се запишат на  до 30 Aвгуст 2013, добиваат попуст од дури 80.00 фунти. Секоја година во Сент Џајлс колеџот во Англија и Америка околу 450 професори ја завршуваат некоја од програмите наменети за предавачи по англиски јазик како странски јазик.

Искуството на компанијата Продирект во полето на обука на професионалци и менаџери во Југоисточна Европа, преку 4.000 задоволни клиенти на јазичната мрежа Вербалисти во комбинација со оствареното партнерство со Британскиот совет, издавачката куќа Pearson Longman и многу други угледни светски организации се гаранција за вашето успешно усовршување како предавач по странски јазик.

Вербалисти Teacher Training

Курсеви за странски јазици во странство, Емисија Актуелно

Курсеви за странски јазици во странство
Разговор со Јасмина Сариќ, ко-основач на социјалната јазична мрежа Вербалисти и директор на едукативните програми во компанијата Prodirekt Consulting Group
Емисија: Актуелно
Водител: Сања Величковиќ

Македонски превод:

По минатонеделната објава за слободното практикантско место во Продирект, компанија која се занимава со едукација, наидовме на голема заинтересираност од ваша страна за можностите на учење и усовршување јазик во странство. Нашиот денешен гостин е Јасмина Сариќ, директор на едукативните програми во Продирект и ко-основач на социјалната мрежа Вербалисти, која ќе ви одговори на прашањата на таа тема.

aktuelno featuring prodirekt internship opportunity with language network verbalisti

Сања: Јасмина, вашата компанија Продирект се согласи да понуди едномесечна практикантска можност на сите наши слушатели, заинтересирани за здобивање на вредно искуство во полето на едукацијата. Како и да е, само што ми кажавте дека и покрај тоа што сте задоволни од бројот на примени апликации и биографии, вие исто така пријатно сте изненадени од големата заинтересираност за учење јазик во странство, која ја покажаа нашите слушатели. Зошто мислите дека е ова вака, дали можеби е поради интересниот концепт на социјалната мрежа Вербалисти?

Јасмина: Не постои сомеж дека Вербалисти е интересен концепт сам по себе и ние сме пријатно изненадени и задоволни поради големиот интерес на студентите кои изучуваат јазици и лигвисти; како и да е кога станува збор за овој интерес за учење во странство, мора да се нагласи дека ова е делумно и поради фактот што повеќе не се потребни визи за да се патува или делумно поради фактот што луѓето, не само во Србија, туку и пошироко во регионов, го сметаат времето во кое се наоѓаме, како идеално за едукација и усовршување. Секако овде би сакала да споменам дека општопознат услов за повеќето аплицирања за работни позиции е потребно знаење на барем еден странски јазик.  

Сања: Ние добивме многу прашања од нашите слушатели. Да започнеме со прашањето на Дубравка Марковиќ од Белград, која би сакала да дознае, зошто му е потребно на ученик / студент да се консултира со јазичен експерт, пред да одбере јазичен курс?

Јасмина: Од многу едноставна причина – со консултирање со експерт може да се заштеди многу време и пари. Што е тоа што можеме ние да го направиме за да му помогнеме на секој ученик / студент, да го избере вистинскиот курс кој најмногу му одговара? Првиот чекор е дефинирање на причината за изучување на странски јазик: постои голема разлика во тоа дали учите англиски, на пример, за да би можеле да разговарате преку интернет, или дали учите германски со цел да се запишете на австриски колеџ; или можеби шпанскиот јазик ви е потребен за да добиете унапредување во подружницата на вашата компанија во Шпанија. Ова е важно, бидејќи се работи за специфично ниво на знаење кое води кон остварување на вашата цел, но исто така и специфичен вид на курс. Откако ќе ја дознаеме целта, потребно е да се одреди почетната точка и затоа е потребно нашите клиенти да направат дијагностички тест, со кој ќе се утврди нивното сегашно ниво на познавање на одреден јазик. Откако ќе ги дознаеме овие две важни информации, дури тогаш можеме да дадеме препорака за одреден курс кој би бил соодветен.

Сања: Нашите слушатели најверојатно би сакале да дознаат колку чинат овие консултации и дијагностички тестови?

Јасмина: Во Продирект и јазичната мрежа Вербалисти, консултациите и тестовите се бесплатни и се дел од нашите услуги. Како и да е, препорачливо е да се закаже термин претходно на телефон +389.2 320.9125 или со испраќање на е-пошта на info@prodirekt.net.

Сања: Предраг од Панчево би сакал да дознае дали неговиот шеснаесетгодишен син, кој веќе изучува англиски јазик повеќе години, на училиште и со приватни часови, му е потребно да посетува курсеви во Англија? Мислам дека ова е интересно прашање за сите ученици и студенти.

Јасмина: Странскиот јазик не се изучува само во училница. Напротив, училницата претставува вештачка средина или да се изразам поинаку, симулација на реални ситуации. Без разлика дали странскиот јазик се изучува во државните и во приватните училишта и без разлика на квалитетот на наставата или на наставникот/професорот, кога изучувате странски јазик во вашата земја, вие неизбежно сте опкружени со луѓе кои го зборуваат вашиот мајчин јазик. Па така пресудно е комуникацијата да се префрли на тој мајчин јазик, порано или подоцна. Во Англија, или во било која друга држава, каде што патувате за да го научите тамошниот јазик, часовите се изведуваат со многу учесници од други земји, значи се интернационални; и сакале вие или не, мора да го говорите странскиот јазик во реални ситуации, како на пример кога би сакале да нарачате храна, да купите билет за воз или да поканите некого на пијалок.

Сања: Која е старосната граница за посетување на јазична програма (курс) во странство?

Јасмина: Ако зборуваме за програмите наменети за тинејџери, старосната граница е од 12 до 18 години.

Сања: Кога веќе разговараме за оваа возрасна група, се наметнува прашањето, дали постои водич на групата која патува? Туристички водич?

Јасмина: Сите наши групи се придружувани од водич. Личноста која ги придружува групите не е туристички водич, бидејќи тоа не се туристички тури, туку едукативни програми. Нашите групни водичи се искусни предавачи на странски јазици, и во тимот на Вербалистите има најмалку 10 такви наставници кои имаат учествувано во програмите со години. Тие се во секое време со учениците, од првата пасошка контрола на аеродромот, до пристигнувањето на саканата дестинација, вклучувајќи ги аеродромските трансфери, низ целокупниот нивен престој во странскиот колеџ и се до нивното враќање дома.

Јасмина Сариќ
Јасмина Сариќ

Сања: Еве едно анонимно, но навистина интересно прашање: Сакам мојата ќерка да студира на Оксфорд, а не да шета, да посетува знаменитости и да оди на шопинг. Дали е задолжително учеството на учениците во тие програми за социјални активности?

Јасмина: Не само што ова прашање е интересно, туку и доста често. Социјалните активности, како што е спортот во слободното време, разгледувањето на знаменитости или креативни работилници, не претставуваат само забава. Нивната цел е повеќекратна, но најважната е континуирана комуникација и социјализација во интернационална средина, но овој пат во реални ситуации. Таквите активности делуваат навистина стимулирачки и не само што помагаат во учењето на странскиот јазик, туку исто така се запознаваат со различни култури и обичаи. И на крај, како исто така важно нешто е што тие им помагаат на групните водичи да ги имаат сите ученици на исто место.

Сања: Дали студентите добиваат некаков сертификат откако ќе го завршат курсот?

Јасмина: Сите ученици добиваат сертификат кој го покажува нивото на познавање на јазикот, времетраењето и видот на посетуваниот курс. Овде би сакала да нагласам дека сите колеџи со кои соработуваме се акредитирани од страна на нивните министерства за образование и од Британски совет.

Сања: Дали сите ваши програми се наменети за тинејџери и млади луѓе?

Јасмина: Луѓето изучуваат странски јазици од повеќе причини; во денешно време прашањето за зборување на јазици и можноста да се комуницира успешно, е всушност прашање за професионален опстанок. Ние Вербалисти имаме 24 програми наменети за сите возрасти и нивоа на познавање на странски јазик. Голем процент од нашите клиенти се возрасни – студенти, млади професионалци, бизнис луѓе. Ние нудиме и поседен вид услуга за јазично консултирање на корпорации.