Проверете зашто Малта годишно ја посетуваат повеќе од милион туристи (ВИДЕО)

Вербалисти на Малта

Jezicki programi Verbalista na Malti

Во последните неколку години Малта стана топ дестинација за учење англиски јазик. Секое лето околу 100.000 млади од цела Европа тука го усовршуваат англискиот јазик. Во оваа некогашна англиска колонија и понатаму се вози од левата страна, а откако таа во 2004 година стана дел од Европската унија, нивниот обрзовен систем редовно добива највисоки ценки од Европскиот совет.

Под топлото медитеранско сонце опкружени со синилото од брановите, после претпладнето поминато во усовршување на јазикот, заедно со друштвото од колеџот ќе уживате во морските задоволства и интересната туристичка програма. Ви препорачуваме активно да учествувате во тие активности и редовно да одите во разгледување на знаменитости кои ги има во изобилство на Малта, на заедничките пикници на плажа, сафари џипови, крстарења, одење во винарии, ресторани и клубови, дури и на организираниот излет до Сицилија.

За време на тие излегувања и екскурзии ќе продолжите да се дружите со колегите и предавачите од училиштата, и во пријатно опкружување, дури и без да обрнете внимание ќе го унапредите знаењето на англискиот, во реалните и животните ситуации. Некои активности се бесплатни, како што е вечерата за добредојде во традиционалниот малтешки ресторан првиот понеделник по пристигнувањето, додека другите ги доплаќате по избор на лице место.

Вербалисти нудат јазични програми на Малта за млади, возрасни, деловни луѓе и семејства. Кликнете на насловот и изберете јазично патување по ваша мерка:

_

Малта е островска земја, која привлекува голем број на посетители во претходните векови. Се наоѓа во Средоземното море, и завзема важна географска положба на пат кон средниот дел во Сицилија. Вкупната површина на оваа преубава Република е 320 km2, а нејзиниот главен град е Валета. Малта ја сочинуваат островите: Гозо, Малта, Комоното, Филфла, Комино и Свети Павел.

Turisticke ture i krstarenja na MaltiВо оваа поранешна англиска колонија и понатаму се вози од левата страна, а откако во 2004 Малта стана дел од Европската унија, нивниот образовен систем редовно добива највисоки оценки од Европскиот совет.

Се претпоставува дека првите жители на малтешките острови биле Сиканци, кои оваа територија ја населиле околу 5200 година пред нова ера. Земајќи го во предвид тоа дека тие дошле на територијата на Малта од Сицилија, кога биле ископани археолошките ископувања, откриени се мистични мегалитни храмови и керамички предмети, кои се слични со оние кои се пронајдени во Агриџент. Тие мегалитни храмови претставуваат една од најстарите структури направени од камен на Земјата.

Сиканците изградиле и некои од најстарите верски градби на светот: храмовите Џганти на Гоцу и храмовите Хаџар- Ким и Мнајдра. Се претпоставува дека ова племе и неговата кулутура биле избришани од некоја болест или глад. После нив територијата на Малта ја населувале и ја освојувале: Феничани, Римјани, Арапи, Нормани, Шпанци, Французи и Британци. Многу големо, ако не и најголемо влијание на историјата на Малта имале витезите од редот на Св. Јован Крстител, кои управувале со неа повеќе од 2500 години.

Melieca (Melieha) plaza na Malti
Мелиеча е една од најдобрите плажи на целиот Медитеран

Во 1964 година Малта стана независна држава. Од 2004 година таа е членка на Европската унија. Службени јазици се: малтешки и англиски. Малтешкиот е национален јазик на државата и мајчиниот јазик на Малтежаните.

Малта претежно е планински остров, каде не се наоѓаат површински водни текови. Климата е средоземна, а просечната годишна температура изнесува 19 C.

Островот Малта е најголем од трите главни острови кои го сочинуваат малтешкиот архипелаг. Се простира на површина од 245 km2. Гозо е вториот остров по големина, за кој се верува дека го контролирала нимфата Калипса, која Одисеја ја држела затворена кај себе седум години. Комино е островот кој се наоѓа помеѓу двата најголеми острови на Малта, кој е синоним за мир, тишина и изолација. На овој остров живеат само четири постојани жители.

Glavni grad Malte, VallettaВалета е главниот град на Малта, кој се наоѓа на истоимениот остров, и завзема површина од 0,8 km2. Ова не е најголемиот град во Малта, тоа е Биркиркара (2,7 km2.), кој е историско, културно и управно средиште на островот. Валета е приморски град, стратешки поставен во поголемото малтешко природно пристаниште. Градот е опкружен со ѕидини, а во потполност е сочуван духот на старите времиња, заради што се наоѓа на списокот на UNESCO за Светски градини. Највредните згради во Валета се: Ко-катедралата Свети Јован, палатата Кастиља, палатата Големиот мајстор, Националниот музеј на фини уметности.

На Малта се наоѓаат  ,, најстарите самостојни градби во светот”, а тоа се мегалитските малтешки храмови, од кои седум се запишани на списокот на UNESCO за светски градини во Европа. Оваа збирка од праисториски мегалитски споменици е резултат на локалните иновацији во процес на културната еволуција. Малта е една прекрасна островска земја, која ја посетуваат повеќе од милион туристи секоја година. Островот Малта, неговиот брег, и морето кое го заплискува, е приказ за синилото на Медитеранот. Малтешките плажи се совршено место за сончање, бањање, пливање или нуркање. Постојат бројни сриени плажи, идеално место за оние кои претпочитаат да бидат сами. Најголемата песочна плажа на Малта е Мелича за која се верува дека е една од најдобрите плажи на целиот Медитеран.

Кујната во Малта е типично медитеранска, па така ќе уживате во свежите локални сезонски производи и вкусно припремените морски плодови. Осбено се чувствува влијанието на италијанската кујна, а во најново време од британската и француската кујна.

Малтежаните се љубезен и дружељубив народ, кои вашиот одмор со сигурност ќе го направат многу поубав со нивното гостопримство.

 

Имате прашање? Сакате повеќе информации? Испратете го вашиот коментар/прашање со пополнување на формуларот подолу:

Stari Grad, Beograd, Serbia

Imate komentar ili pitanje?