
Програмата Freestyle е создадена со цел на младите на возраст од 18 до 20 години да им даде квалитетна настава и одлична забава со врсници од целиот свет. Иако активностите кои се надвор од наставата и екскурзиите се внимателно планирани и организирани, студентите имаат доволно слободно време сами да ја истражуваат Малта и да уживаат во магијата на медитеранскиот брег.
Училиштето EC е основано во 1991 година, а се наоѓа во срцето на Сент Џулијанс, најпопуларното туристичко место на Малта. Денес- дваесет и една година подоцна, тоа е реноминирана образовна институција со 15 јазични центри во 5 држави на три континенти. Само во претходната година училиштето ЕС го посетиле повеќе од 25.000 студенти од 140 земји. Исто така, ЕС е еден од ретките колеџи на Малта кој има акредитација ISO 9001 за квалитет, а претходната година се здоби со уште едно вредно признание-меѓународна награда Star Chain School 2011 која ја доделува престижниот Language Travel Magazine.
Погледнете ги цените и деталите за програмата Freestyle овде.
_