Србија, Белград-28 мај 2012- Прилозите и интервјуата на регионалната комуникациска мрежа Вербалисти, која се наоѓа во сопствеништво на групата Prodirekt, од неодамна можеме да ги пратиме и на регионалните и локални телевизиски станици.
Вербалисти го одбележаа месецот мај на најдобар можен начин. Првата телевизиска емисија на оваа мрежа премиерно беше емитувана на 14 мај на дванаесет телевизиски станици во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Авторските прилози на Вербалисти за светските комуникациски трендови и интервјуа со познати личности од регионот и светот, се прегледани сто илјади пати на друштвените мрежи, а стигнаа и на ТВ екраните со емисијата Speak Your Mind! (Кажи што мислиш!).
Најбројната комуникациска мрежа во регионот на југоисточна Европа во 2010 година ги освои друштвените мрежи со новиот пристап во јазичната едукација на тој начин што учењето преку забава и новите медиуми добиваат значајна улога. Деловната Facebook страна на Вербалисти за две неполни години собра дури 16.000 заљубеници во јазиците, комуникацијата и јазичните патувања. Во декември 2011 година Вербалисти зачекореа во радискиот етер кога нивната музичка хит листа започна да се емитува во емисијата Automedia на 32 радио станици на Балканот.
Регионалната мрежа Вербалисти со ТВ емисијата ,, Speak Your Mind!” продолжува успешно да ја спроведува својата стратегија во образованието, особено кога младите се во прашање, а со која се подразбира создавање и употреба на занимливи и актуелни содржини за да се оствари учењето преку забава.