Учење на англиски јазик со употреба на социјални медиуми и преку забава

Од Марија Ивановиќ, ко-издавач во ЕЛТА
ЕЛТА е невладино, непрофитабилно здружение за професори по англиски јазик од Србија
Април, 2012

Udruženje profesora engleskog jezika u Srbiji sa jezičkom mrežom Verbalisti o ulozi novih medija u učenju i sprovođenju nastave engleskog jezika

Во последните години социјалните медиуми станаа важен фактор во нашето секојдневно комуницирање, особено помеѓу младите, кои се дружат преку Facebook или Twitter со нивните лаптоп компјутери или мобилни телефони. Ги користиме социјалните мрежи за да го подновиме нашиот статус за (не)обичните случувања во нашиот живот, пишуваме на ѕидот на нашите пријатели или пак споделуваме линк на Twitter од било која област од животот што може да си ја замислиме. Огромната моќ на друштвените медиуми достигна незамисливи размери па така, ако некоја од новите информации не си го најде своето место на Tweeter, Facebook или LinkedIn, се третира како воопшто да не е објавена.

Па, зошто тогаш да не се искористи новиот тренд кој се појави како средство за онлајн комуникација со цел да се привлечат младите за да учат јазици на забавен, неофицијален, и опуштен начин? Компанијата Продирект  ја препозна моќта на друштвените медиуми како алтка за да привлече потенцијални ученици кои сакаат да го изучуваат англискиот јазик и ја создаде јазичната мрежа Вербалисти. Нашиот соработник и издавач Марија Ивановиќ, зборуваше со директорката на едукативните програми Јасмина Сариќ од Продирект. Јасмина зборуваше за идејата која е основа за нивното работење и за најновите трендови за изучување на англиски во Србија кога станува збор за социјалните медиуми и занимливостите.

Skole engleskog jezika u Londonu i jezički programi Verbalista

ЕЛТА: Кажете ни нешто повеќе за социјалната и јазична мрежа Вербалисти, од каде потекнува идејата и како Вербалисти продолжи да се развива?

ПРОДИРЕКТ: Се се случи пред три години, после долго преговарање со нашите едукативни партнери- кои се големи Европски јазични училишта и колеги, за тоа како да се подигне стандардот за учење на јазици во нашиот регион. Сакавме да им понудиме на нашите ученици во регионот еден социјален медиум кој ќе ги мотивира во изучување на странските јазици. Последователно на тоа, го создадовме социјалниот медиум и јазичната мрежа Вербалисти. Мрежата Вербалисти набргу смени многу нешта на нашето поднебје. Изгледа најважниот резултат се огледува во фактот дека, јазичната мрежа Вербалисти прави разлика помеѓу праксата на изучувањето на јазици во Србија со претставувањето на иновативен и најсовремен пристап, како што е учење на јазици со помош на социјалните мрежи и преку забава. Социјалната мрежа се состои од неколку онлајн алатки за учење на јазици и видеоклипови на Youtube. Другата образовна содржина може да ја разгледате на објавените блогови на два јазици од страна на Вербалисти, stranijeziciblog.com (српски јазик) и на stranskijazici.com (македонски јазик). Претходната година во соработка со Person и Kings College во Лондон, Вербалисти го претставија јазичниот натпревар Вербализирај се!, а главната награда беше двонеделен јазичен курс во Kings Colleges во Лондон. Натпреварот имаше 432 натпреварувачи и повеќе од 34.000 посети на веб страната за само еден месец.

Jasmina Saric i Marko Ilic iz Britanskog saveta na potpisivanju protokola o saradnjiЕЛТА: Според вас кои се особеностите на Вербалисти, поради кои сметате дека се разликуваат?

Можеби се разликуваме со тоа што им нудиме на студентите достапен и привлечен начин за добивање на сите потребни информации со цел што поефективно да го испланираат изучувањето на јазикот. Ние не се плашиме да им дадеме важност и ги препознаваме социјалните мрежи како важни, особено Facebook и YouTube, како едни од главните средства за разменување на искуства. Не се сомневаме во тоа. Јазиците се жив организам, кои се менуваат секојдневно со нивната употреба. Важна е размената на искуства и комуникацијата. Facebook е социјална мрежа која овозможува највисоко ниво на социјализација. Другото нешто кое е од голема важност, е да се создаде платформа каде студентите ќе можат да разменат фотографии, да разгледаат видео клипови или едноставно да започнат дискусија. Ние ги зачинивме нештата со интервјуа од славни личности, бидејќи нашето мото се состои во тоа да учиме на забавен начин, а тоа особено важи за младите. Резултатите се повеќе од очигледни за нашиот труд кој го употребуваме, имаме 12,000 јазични фанови на мрежата Вербалисти на Facebook.

Speak Your Mind
Speak Your Mind!

ЕЛТА: Сега кога ги споменавте интервјуата со славните во вашиот медиум, кажете ни од колкава важност беше подршката која ја добивте од нив за популарноста на Вербалисти и од колкава корист се социјалните медиуми во училниците?

ПРОДИРЕКТ: Јас сметам дека тоа е од голема важност. Уште од самите почетоци го ставивме  акцентот на тоа дека славните личности треба да зборуваат отворено за нивното образование, за јазичните способностикои ги поседуваат, и за нивните патувања. Сите тие го поддржуваат проектот кој го нарековме Speak Your Mind!”.  Секако, најважното од се е да им се укаже на младите за важноста на говорење на странски јазици во денешницата, доловувајќи го ова преку искуствата на нивните омилени глумци и пејачи. Професорите по англиски јазик може да ги користат клиповите како средство за мотивирање на учениците за изучување на јазикот. Доколку пак, професорите немаат интернет за време на часот, тие може да им препорачаат некој од линковите на учениците кои притоа во слободно време ќе истражуваат од дома користејќи ги Facebook или YouTube. Како проверка за направеното истражување професорот може по неколку дена да иницира дебата во училиницата. Ова може да биде дел од групна дискусија или пак дел од вежбите за пишување.

јазичната мрежа Вербалисти
Facebook - Jазичната мрежа Вербалисти

ЕЛТА: Ние зборувавме за учениците и нивните вкусови, особено помладите и нивната склоност кон дигиталните медиуми и социјалните мрежи. Ова го објаснува брзиот развој на јазичната мрежа Вербалисти, но каква е ситуацијата кога станува збор за професорите на странски јазици? Колку професорите се обучени и подготвени за да ги прифатат предностите на дигиталните медиуми и најновите алатки кои се користат при предавање?

ПРОДИРЕКТ: Ситуацијата овде не е многу сјајна, сепак мора да бидеме искрени за да сфатиме дека сиромашната употреба на дигитални медиуми во нашите училишта е само резултат на многуте фактори кои влијаат на неа, а истите се надвор од надлежноста на професорите. На пример, економската криза е виновна за недостатокот на средства па така, нема пари за да се овозможи пристап на интернет, компјутер за секој ученик, и за користење на нови помоќни алатки за предавање, како што се белите интерактивни табли. Имаме потреба од помош при финансирање на обуката за професори, образувајќи ги да ги вклучат новите медиуми и алатки на час, а потребен е систем за надоместување кој ќе ги мотивира професорите да се подобрат и да ги развиваат своите способности  со тек на време. Ова  е главната причина зошто нашите предавачи треба да ја прифатат секоја можност за додатни обуки, особено оние кои се организираат во странство и кои се поддржани од странски колеџи, Британскиот совет и други институции. Целосната вклученост на дигиталните медиуми  заедно со подобрувањето кое го овозможува ги натера западните земји да го преобликуваат начинот на предавање, и јас искрено се надевам дека ќе ги следиме во чекор.

Компанијата ПРОДИРЕКТ со својата јазична мрежа Вербалисти, пред некое време го потпиша договорот за регионално партнерство со организацијата од Париз наречена “Entertainment Learning”, заедно со креаторот на јазичниот сервис – “English Attack!”. Во наредното издание со Јасмина Сариќ ќе разговараме на тема присвојување на нови медиуми во предавањето, моќта на социјалните медиуми, и дигиталните занимливости кои може да бидат во употреба и да помогнат при изучување на јазици.

*****

Марија Ивановиќ е соработник и издавач во MELT, образовен консултант и професор по англиски. Моментално, таа го организира проектот на тема емоционалната интелегенција помеѓу студентот и професорот наречен ‘Cool Fire’ во Данска со партнери од UK. Нејзините лични интереси ги опфаќаат рефлективната пракса, развој на професорите, училишното водство и емоционалната интелегенција. Таа има диплома по англиски јазик и литература од Факултетот за Филологија, при Универзитетот во Белград и магистратура на тема  Доживотно учење при Данското училиште за образование, Деусто Универзитетот и Универзитетот во Лондон.

За ЕЛТА
ЕЛТА е невладино, непрофитабилно здружение за професори по англиски јазик од Србија, кое е повразно со организациите како што се IATEFL (International Association of Teachers of English as a Foreign Language) и TESOL (Teachers of English to Speakers of Other Languages). Основана е во 2003 со спојување на двете, најголеми здруженија за професори ELTAB (English Language Teachers’ Association of Belgrade) и YELTA (Yugoslav English language Teachers’ Association). ЕЛТА ги соединува професорите по англиски јазик од основните и средните училишта, професорите кои се дел од високото образование,  јазичните училишта, студентите по англиски јазик, јазичните професионалци и професионалци кои се заинтересирани да се стекнат со одлично знаење за предавање на англиски јазик.

За ПРОДИРЕКТ и јазичната мрежа Вербалисти (Verbalisti)
Компанијата ПРОДИРЕКТ (www.prodirektgroup.com) нуди стратегии за раководење и едукација на менаџери и обуки на поднебјето на Балканскиот регион. Иновативните решенија кои ги нуди ПРОДИРЕКТ за корпоративен менаџмент, маркетинг и меѓународна бизнис комуникација поставуваат мост помеѓу стратегиите и образованието, додека пак бизнис групата и социјалната мрежа Вербалисти, e посветена на изучување на јазици и професионални обуки, кои им помагаат на младите професионалци и на деловните луѓе да ги постигнат зацртаните цели во меѓународната комуникација.

Gospodar Jevremova 9a, Belgrade, Serbia

Discover more from Moja jezička mreža

Subscribe to get the latest posts to your email.

Imate komentar ili pitanje?

Discover more from Moja jezička mreža

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading