МАКЕДОНСКИ – Запознајте ги Вербалистите

Вербалисти, мојата јазична мрежа

Студентите од јазичната мрежа Вербалисти Станете дел од Вербалистите, разменете ги своите искуства и желби, забавувајте се и запознајте нови пријатели.

Сите колеџи кои што ги нудиме ја поминаа нашата строга селекција. Го посетивме секое училиште, и се запознавме со нивниот наставен кадар, програмите и методите, разговаравме со учениците, присуствувавме на часовите и го прегледавме понуденото сместување. Токму поради тоа, можеме да Ви помогнеме при изборот на курсот, колеџот и сместувањето кое што најдобро одговара на Вашите потреби.

Соработувајќи со нас, Вие соработувате директно со колеџот кој што ја организира наставата во странство. Во својство на овластен регионален застапник, а во поедини случаи и коавтор, јазичните програми ги нудиме по истите цени како самите училишта

Ембаси ЦЕС колеџСигурноста и поддршката на студентите за време на школувањето во странство се најважни, посебно кога станува збор за младите. Затоа сите тинејџерски групи во организација на Вербалистите патуваат во придружба на искусен професор кој што се грижи за нив за време на престојот во странство. Запознајте се со нашите професори одговорни за тинејџерските групи, преку овој линк

Вербалистите ги предводат лица со повеќегодишноискуство во образованието и во меѓународното работење. Искуството кое што го стекнавме на високите раководечки положби во водечките светски корпорации е драгоцено при давањето на совети на деловните луѓе, во кој правец и на кој начин да продолжат да ја развиваат својата кариера. Дознајте повеќе за основачите и координаторите на друштвената мрежа Вербалисти, преку овој линк

Погледнете ги описите на дестинациите, колеџите, впечатоците на студентите, рекламите и интересните прилози на YouTube каналот на Вербалистите. Во Пословни курсеви јазикарубриката Вербалисти во медиумите, можете да се запознаете со новите случувања, развојни планови, како и со нашите настапи во медиумите.

Прочитајте ги ставовите, мислењата и блоговите на Вербалисти овде. Доколку имате интересна тема или дискусија која би сакале да ја покренете, со задоволство ќе ја објавиме на блог страната на Вербалисти.

Актери, пеачи, познати деловни луѓе и други јавни личности, се исто така дел од нашата друштвена јазична мрежа Вербалисти. Не пропуштајте да ги погледнете нивните ставови, мислења, дискусии, занимливости и анегдоти за јазиците и комуникациските вештини на една од најпосетените страници “Speak Your Mind!”

_

Студентите од јазичната мрежа Вербалисти на пат за Лондон

(четврта група, август 2011)

_

ТВ реклама на јазичната мрежа Вербалисти

Imate komentar ili pitanje?